• недела, 22 декември 2024

Германија интензивно бара алтернативи за руската енергија

Германија интензивно бара алтернативи за руската енергија

Берлин, 7 март (МИА) - Во Германија интензивно се разговара за мерките за ублажување на драстичниот раст на цената на енергенсите и за намалување на зависноста од руски извори на долг рок, а се размислува и за продолжување на рокот до кој германските нуклеарни централи треба да бидат исклучени.

„Технички, можно е да се остават нуклеарните централи подолго во функција, прашање е дали сакаме тоа да биде од политичка природа“, рече баварскиот премиер Маркус Содер во интервју за јавниот сервис ЗДФ. Тој смета дека продолжувањето на работата на нуклеарните централи за три до пет години би помогнало во процесот на намалување на зависноста од руската енергија, притоа зачувувајќи ги климатските цели.

Во моментов, само три германски нуклеарни централи се во функција до крајот на оваа година. На крајот на минатата година три нуклеарни централи беа исклучени од електричната мрежа.

Одлуката за излез од Германија од снабдувањето со енергија преку нуклеарни централи беше донесена во 2011 година по катастрофата во Фукушима, Јапонија.
   

Остани поврзан