Германија го освои златото во мешана триатлон штафета на Олимпијадата
- Германскиот тим во триатлон го освои златото во мешана штафета на Олимписките игри во Париз.

Париз, 5 август 2024 (МИА) - Германскиот тим во триатлон го освои златото во мешана штафета на Олимписките игри во Париз.
Во тимот беа Тим Хелвиг, Лиза Терч, Ласе Лурс, Лаура Линдеман. Нивното вкупно време е 1 час 25 минути 39 секунди.
Среброто го освои тимот на САД за 1:25.40 минути.
Репрезентацијата на на Велика Британија ја освои бронзата за 1:25.40.
За да се одреди носителот на среброто беше потребно да се прегледа фотофиниш. зс/
Фото: ЕПА