• вторник, 17 декември 2024

Германија, заедно со партнерите во НАТО, тајно се подготвува за нуклеарна војна

Германија, заедно со партнерите во НАТО, тајно се подготвува за нуклеарна војна
Берлин, 15 октомври 2020 (МИА) - Германија, заедно со партнерите во НАТО, тајно се подготвува за нуклеарна војна, а воздухопловните сили спроведуваат тајни маневри кои сугерираат на такво сценарио, јавија ДПА и Билд. Вежбата „Одлучно попладне“ почнала оваа недела со маневри и на авионите што можат да носат нуклеарно оружје. Вежбите се одржуваат во воздушната база во Норфених (Северна Рајна-Вестфалија) во Западна Германија. Обично ги организира НАТО наесен, пишува ДПА. Во исто време, вежбата „Одржлива стража“ се одвива во Бјухел , за време на која Воздушните сили вежбаа сценарија за одбранбени дејства, вклучително и напад од потенцијален непријател и одбрана на аеродромот со употреба на системи за ПВО Патриот. До 20 американски нуклеарни боеви глави Б61 се уште се чуваат во базата близу Бухел, кои остануваат во рамките на стратешкиот концепт на НАТО за заплашување на потенцијалните противници. Во маневрите учествуваат бомбардери  Торнадо. Базата Норфених се смета за алтернативна локација за складирање на американски водородни бомби. Како дел од вежбата, војската практикува безбедно отстранување на нуклеарното оружје од подземните складишта, како и нивно пренесување и инсталирање на авиони. Според Билд, земјите од НАТО признаваат дека заканата од нуклеарна војна сега е поголема од кога било. Главната причина е повлекувањето на САД од Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел, како и сомнежите во врска со продолжувањето на Новиот СТАРТ. Во септември, американските бомбардери Б-52  пресретнати на небото над Балтичкото Море на 25 септември вежбаа за напади врз Калининград. Покрај тоа, бомбардерите, наводно, извршиле фиктивен напад за обука на Црното Море. паг/

Остани поврзан