• понеделник, 23 декември 2024

Гервала на СБ на ОН: Во Косово нема дискриминација

Гервала на СБ на ОН: Во  Косово нема дискриминација

Њујорк, 30 октомври 2024 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ги повтори познатите обвинувања против Србија и истакна дека во Косово нема дискриминација кон никого и дека покраината има највисоко можно ниво на заштита на правата на малцинствата во Европа.

Гервала, на седницата на СБ на ОН, на која се расправа за новиот, шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за работата на УНМИК, реагираше и поради употребата на името Косово и Метохија.

Таа оцени дека извештајот за работата на УНМИК е „неверодостоен, непрецизен и крајно просрпски интониран“ и ги советуваше амбасадорите на членките на Советот за безбедност на ОН да користат еден од бројните други извештаи.

Гервала, исто така, ги обвини белградските власти дека сакаат да ги уништат приштинските институции „дури и со оружје“.

Таа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „може да предизвика војна на Балканот“ и го повтори обвинувањето дека „Србија, веднаш по Русија, е најголемата опасност за мирот во Европа“.

Србија на седницата на СБ на ОН ја претставува министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој во својот говор истакна дека „кршењето на човековите права и едностраните потези на режимот на косовскиот премиер Албин Курти создаваат клима на страв и нестабилност“ и посочи дека „насилството врз Србите во Косово и Метохија достигна алармантно ниво“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан