ГЕРБ нема да иницира и да поддржи импичмент на Румен Радев
- ГЕРБ няма да инициира и няма да подкрепи импийчмънт на президента
Софија, 7 февруари 2020 (МИА) - Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) нема да иницира и да поддржи импичмент на бугарскиот претседател Румен Радев.
- Бугарија нема корист од војна меѓу институциите. Нема да инвестираме во политичко спротивставување, изјави членот на Извршниот комитет на ГЕРБ, Томислав Дончев.
Во врска со објавите на пратеничката од редовите на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, која тврди дека ГЕРБ и предлагал коалиција на нејзината партија, пратеничката од ГЕРБ Даниела Дариткова демантира и нагласи дека ГЕРБ никогаш не им предлагал на социјалистите заедничка влада.
- Ние секогаш сме се залагале за политика во интерес на луѓето и ќе продолжиме во истиот дух, додаде Дариткова. гт/