• недела, 06 октомври 2024

Герашченко: Шојгу преживеа срцев удар

Герашченко: Шојгу преживеа срцев удар
Киев, 26 март 2022 (МИА) – Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко на Фејсбук објави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу имал срцев удар. - Шојгу имаше срцев удар и затоа не е појавен во јавноста од средината на март. Тој доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија врз Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница, напиша Герашченко на Фејсбук. Руската телевизија во четвртокот објави снимка на која се гледа Шојгу како разговара со Путин. Тој не беше виден во јавноста од 11 март и затоа се шпекулираше дека е болен, па дури и дека е уапсен. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан