• четврток, 04 декември 2025

Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница

Герасимовски: Општина Центар останува отворена за најмладите, учиме како се гради современа заедница

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Како што информираат од локалната самоуправа, децата активно учествуваа, поставувајќи бројни прашања поврзани со урбанизмот, комуналните услуги и плановите на општината.

-Особено ми е драго кога најмладите покажуваат интерес за тоа како функционира нашата општина. Нивната љубопитност и желба за знаење се доказ дека градиме одговорни и свесни идни генерации. Општина Центар секогаш ќе остане отворена за вакви едукативни средби, истакнал градоначалникот Герасимовски.

Во рамките на посетата беше реализирана и креативна работилница во соработка со младински и еколошки организации, со која учениците преку цртеж и игра учеа за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот развој.вј/са/

Фото: Општина Центар

 

Остани поврзан