Герасимовски: Обезбедени 15 милиони денари за поактивен и поквалитетен живот на пензионерите во Центар
- Во соопштението се појаснува дека во проектите наменети за пензионерите, опфатени се: сервис за стари лица, итно копче - 24/7 медицинска поддршка, бесплатен превоз до здравствени установи, сезонски екскурзии во сите годишни времиња, настанот „Носталгија за корзо - сеќавање на едно убаво време“, пензионерски спортски игри 2026, застапеност на предметот домаќинство во образованиот процес во соработка со пензионерите, како и подршка за пензионерите во социјален ризик.
Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Петнаесет милиони денари се обезбедени за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар, информирал градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, на средбата со претставници на здружение на пензионери од овој регион.
Од Општина Центар денеска информираат дека тој се осврнал на проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани.
- Во буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и континуирана грижа, истакнал Герасимовски.
Во соопштението се појаснува дека во проектите наменети за пензионерите, опфатени се: сервис за стари лица, итно копче - 24/7 медицинска поддршка, бесплатен превоз до здравствени установи, сезонски екскурзии во сите годишни времиња, настанот „Носталгија за корзо - сеќавање на едно убаво време“, пензионерски спортски игри 2026, застапеност на предметот домаќинство во образованиот процес во соработка со пензионерите, како и подршка за пензионерите во социјален ризик.
- На состанокот, претставниците на центарското пензионерско здружение го поздравија ангажманот на Општината и ја потврдија својата вклученост во дел од активностите планирани за годинава, истакнуваат од локалната самоуправа.
Според статистиката, како што се додава во соопштението, околу 20 проценти од населението во општина Центар се на возраст над 60 години, што ја потврдувало потребата од овие мерки, се нагласува, со што се промовира витална и активна старост на повозрасните жители. бд/вј/
Фото: Општина Центар