• вторник, 10 март 2026

Герасимовски - Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на општина Центар

Герасимовски - Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на општина Центар

Скопје, 9 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата држава, Никол Варнс. На средбата се разговараше за активностите и проектите што ги спроведува Општина Центар, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи и проекти, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

- Имавме одлична средба, со посебен фокус на проектите и плановите за подобрување на услугите за граѓаните и процесот на децентрализација. Поддршката од САД ни значи многу, бидејќи ни помага да ги унапредуваме практиките и да продолжиме да се развиваме како модерна и отворена општина, се наведува во пишаната изјава на Герасимовски.

Градоначалникот нагласува дека Општина Центар континуирано вложува во крупни инфраструктурни проекти, поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги, како и во иницијативи што го подобруваат секојдневието на жителите и ја зголемуваат ефикасноста на општината.

- Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка определба за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Општина Центар и Амбасадата на САД во земјава, се истакнува во соопштението. бд/вг/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан