Герапетритис: Одлуките во врска со барањата за азил на сириските државјани ќе се носат во соработка со ЕУ и ОН
- Прашањето за евентуално замрзнување на одлуките за доделување азил во Грција за сириските државјани ќе биде на агендата на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност што го свика грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, потврди министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, говорејќи за првата програма на државното радио, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 13 декември 2024 (МИА) – Прашањето за евентуално замрзнување на одлуките за доделување азил во Грција за сириските државјани ќе биде на агендата на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност што го свика грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, потврди министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, говорејќи за првата програма на државното радио, јави дописничката на МИА од Атина.
Герапетритис посочи дека станува збор за прашање што сè уште е засегнато од ситуацијата во Сирија, „која сè уште не е оформена и е во динамичен развој“.
- Сите одлуки ќе се носат во соработка со нашите партнери во Европската унија и секако со соработка со Обединетите нации, посочи Герапетритис.
Во однос на тоа колку целата ситуација во Сирија и на Блискиот Исток би можела да влијае на грчко-турските односи, објасни дека е „прерано да се оценува“, но посочи дека она што е најважно за нив е, „пред сè е да ја зајакнеме сопствената меѓународна дипломатска позиција“ и додаде дека во моментов дијалогот со Турција „се одвива врз основа на структурирана дискусија“. ср/