• четврток, 26 декември 2024

Георгиевски го победи светскиот првак и се пласира во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио

Георгиевски го победи светскиот првак и се пласира во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио
Токио, 27 јули 2021 (МИА) – Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во четвртфиналето, категорија +80 килограми на Олимпискиот турнир во Токио, откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба. Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3). На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа. Следен противник на македонскиот знаменосец на отворањето на Игрите, ќе биде Кубане од Брегот на Слоновата коска. Четвртфиналната борба треба да се одржи околу 8:45 часот по македонско време. зс/

Остани поврзан