• недела, 22 декември 2024

Георгиевски: Во Токио одиме по златото

Георгиевски: Во Токио одиме по златото
Скопје, 10 мај 2021 (МИА) - По освоената А норма, за Олимпискиот турнир во Токио, најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна амбицијата за освојување на златен медал на претстојниот најголем спортски планетарен настан. - Благодарност до моите тренери Борче и Дарко Костовски. Без нив овој резултат немаше да се случи. Исто така благодарност до мојот клуб Бутел, моите клупски другари, моето семејство, но најмногу на Бог. Ова се денови кога македонската јавност дозна за историскиот успех. Ми следува малку одмор, а потоа се исклучуваме од реалноста и одиме на моментот „Македонија има олимписки златен медал“, изјави Георгиевски. За оваа цел најдобриот македонски таеквондист ќе ја има целосната поддршка од Македонскиот олимиски комитет. - Ние како Олимписки комитет препознавме кај нив квалитет и од првиот момент максимално тимски функционираме и никој од нас не се штеди да ги овозможиме најдобрите услови за еден врвен резултат, нагласи Даниел Димевски, претседател на МОК. Покрај Георгиевски кој во Токио ќе настапи на 27 јули, од македонските спортисти со обезбедена олимписка норма е и борачот Могамедгаџи Нуров. зс/

Остани поврзан