• среда, 27 ноември 2024

Георгиевски: Во тек јавни повици за грант од 10.000 за производители на храна

Георгиевски: Во тек јавни повици за грант од 10.000 за производители на храна

Скопје, 26 март 2023

Владата предводена од СДСМ продолжува да биде симбол за развој. Како никогаш досега, спроведуваме реформи во земјоделството кои се прифатени и поздравени од сите чинители во секторот.
 
Само до пред неколку години, во Регистарот на производители на вино, наш традиционален квалитетен производ и бренд имавме само 40на винарии. Денеска, само две години откако ги направивме измените во Законот за вино и овозможивме регистрација на мали семејни винарии, бројката на регистрирани винарии е над 200.
 
Најголема заслуга за тоа ја има Владата предводена од СДСМ, бидејќи го препознавме потенцијалот кој го имаат нашите лозари, и минатата година за прв пат во историјата на независна Македонија се спроведе специјална програма за финансиска поддршка на малите винарии. Таква поддршка искористија 59 мали винарии, со грантови до 10.000 евра.
 
Сега веќе нашите граѓани имаат широк спектар на избор од домашни квалитетни вина од сите региони на државата, а производителите на винско гројзе, нов начин на пласман и додадена вредност на својот труд.
 
Поддршката за малите винарии во форма на грантови продолжува и оваа година. Нивниот успех, оваа 2023 година ќе биде пресликан и на малите производители на храна.
 
Во тек се два јавни повици за доделување на неповратна финансиска поддршка во висина до 10.000 евра на мали производители на храна од животинско и неживотинско потекло.
 
Нашето национално богатство, традиционалните производи, преработките од овошје и зеленчук, млеко и месни производи се главниот фокус во поддршката која им е овозможена на земјоделските стопанства, кои се регистрирани или евидентирани во Регистарот кој го води Агенцијата за храна и ветеринарство, за продажба од куќен праг.
 
Ваква силна поддршка, за малите земјоделски бизниси немало никогаш досега.
 
Гоце Георгиевски, комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан