• вторник, 24 декември 2024

Георгиева: ММФ ќе им помогне на државите засегнати од евентуалниот конфликт меѓу Русија и Украина

Георгиева: ММФ ќе им помогне на државите засегнати од евентуалниот конфликт меѓу Русија и Украина
Вашингтон, 2 февруари 2022 (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да им помогне на земјите кои можат на некој начин да бидат погодени од конфликтот меѓу Русија и Украина и од санкциите наметнати од западните влади, изјави денеска директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. Таа во интервју за „Вашингтон пост лајв“ истакна дека санкциите неизбежно ќе нарушат некои финансиски операции и функционирањето на финансискиот систем, особено ако Русија е исклучена од мрежата на финансиски трансакции СВИФТ. - Доколку се најдеме во ситуација да има несакани ефекти кои бараат поголем ангажман од ММФ за другите земји, јасно е дека ќе бидеме таму. Се уште имаме капацитет да позајмиме околу 700 милијарди долари, посочи Георгиева. Пред неколку дена администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе ги „поштеди“ обичните Руси од можни санкции доколку Русија ја нападне Украина. Ограничувањата ќе се фокусираат на индустриските сектори. ми/

Остани поврзан