• среда, 25 декември 2024

Генчовска на бугарско-романската граница ќе се сретне со евакуираните граѓани од Украина, меѓу кои и Македонци

Генчовска на бугарско-романската граница ќе се сретне со евакуираните граѓани од Украина, меѓу кои и Македонци
Софија, 1 март 2022 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, вечерва, ќе ги пречека евакуираните бугарски државјани од украинските градови Киев и Одеса, кои на  границата на Бугарија со Романија се очекува да пристигнат околу 21 часот, соопшти прес-центарот на бугарското МНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во четири автобуси и во автомобилите на Амбасадата во Киев има околу 200 лица - бугарски, украински, американски државјани, државјани на Република Северна Македонија и еден од Грузија, како и бугарски дипломатски персоналот од Генералниот конзулат во Одеса. Во Народното собрание на Бугарија, премиерот Кирил Петков изјави дека е многу тешко да се евакуираат Бугарите и другите странски државјани и се заблагодари на бугарското воено разузнавање кое одиграло значајна улога во оваа операција. нк/вг/

Остани поврзан