• среда, 25 декември 2024

Генчовска: Бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија

Генчовска: Бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија

Софија, 2  февруари 2022 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Бугарија, строго ќе го почитува мандатот на Советот на министри, декларацијата на Народното собрание и договорот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Тоа го изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на прашање дали има несогласувања меѓу претседателот и Владата на темата Република Северна Македонија.

Таа посочи дека ќе го земат предвид и мислењето на последниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедност под претседателот и нема да отстапат од рамковниот став.

Запрашана за зборовите на шефот на државата Румен Радев дека посетата на премиерот на Скопје била избрзана, Генчовска одговори дека тоа е мислење на претседателот и не може да го коментира.

-Навистина, рестартиравме и продолжуваме да го надградуваме досега постигнатото. Има континуитет од страна на Министерството за надворешни работи, се надоврзуваме на постигнатото, има позитивизам во односите и дијалогот, рече таа.

Генчовска истакна дека се во директен контакт со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, а тимот од МНР е во директен контакт на експертско ниво. Ни претстои експертска средба - колегите од МНР на Република Северна Македонија од 10 до 11 февруари ќе дојдат овде на експертски разговори за политичкиот пакет „4 + 1“, рече таа и додаде дека денеска доставила нацрт мандат до Советот на министри.да стане. Како што кажав, тој никако не отстапува од постоечките рамковни позиции, декларации на Народното собрание, особено почитување на Договорот за добрососедство и пријателство, рече Генчовска. зш/дма/

Остани поврзан