• понеделник, 16 декември 2024

Генерално собрание на АТА во седиштето на НАТО во Брисел

Генерално собрание на АТА во седиштето на НАТО во Брисел

5 декември 2024 

Во периодот од од 3-ти до 6-ти декември 2024, делегација на Евро-Атлантскиот Состав, присуствуваше на Генералното собрание на Светската Атлантска Асоцијација во Брисел кое се одржа во седиштето на НАТО.

Овогодинешното Собрание, под тема „Дефинирање на светските стратешки приоритети во неизвесни времиња: Улогата на нашата алијанса“, ја одбележа 70-тата годишнина од формирањто на Светската АТА и 75-тата годишнина од формирањето на НАТО.

На Собранието присуствуваа делегати од над 35 земји од целата НАТО Алијанса и пошироко, но и високи претставници на НАТО, со цел да се најдат итни одговори за безбедносните предизвици со кои се соочува нашиот свет денес.

Воедно, новоизбраниот Заменик Генерален Секретар на НАТО, г-ѓа Радмила Шеќеринска го имаше своето прво јавно обраќање во новата улога. Покрај средбата со г-ѓа Шеќеринска и другите високи претставници од НАТО, делегацијата на Евро-Атлантскиот Совет, беше во посета и на македонската мисија во НАТО и оствари средба со Амбасадорот Дане Талески.

Делегацијата на Евро-Атлантскиот Совет беше предводена од претседателот Исмет Рамадани, а во склоп на делегацијата беа: Светозар Јаневски, Арбн Абурахмани, Митко Андреевски, Тоше Коцевски, Илија Џугуманов и Кастриот Арифи.

Пред главниот настан, на 04.12.2024, претходеше посета на врховната команда на НАТО за Европа, која се наоѓа во Монс, Белгија.

 

Евроатлантски совет на Северна Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан