• сабота, 04 јануари 2025

Генералниот секретар на ОН го осуди нападот во Њу Орлеанс

Генералниот секретар на ОН го осуди нападот во Њу Орлеанс

Њујорк, 2 јануари 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш остро го осуди нападот во Њу Орлеанс, во кој возач влета во толпа граѓани кои славеа Нова година, при што уби најмалку 15 лица, а рани повеќе од 30.

Гутереш изрази сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите и до Владата и народот на Луизијана и на САД, изјави неговата портпаролка Флоренсија Сото Нино-Мартинез.

Шефот на ОН на повредените им посака брзо закрепнување. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан