• среда, 27 ноември 2024

Гевгелискиот градоначалник Сарамандов реализирал повеќе проекти во 100 дена од мандатот

Гевгелискиот градоначалник Сарамандов реализирал повеќе проекти во 100 дена од мандатот
Гевгелија,28 февруари 2022(МИА) - На почетокот на мојот мандат кој беше исполнет со многу предизвици, поради условите за работа во пандемија и енергетска криза, релизиравме повеќе проекти во општина Гевгелија со цел да ги заштитиме интересите на граѓаните и да покажеме дека нештата можат суштински да се променат само за 100 дена кога се работи чесно и одговорно,нагласи градоначалникот Андон Сарамандов на почетокот од отчетот за своето работење. - Еден од приоритетните зафати на почетокот од мојот мандат беше да се намалат трошоците за електрична енергија поради што извршивме целосна замена на старите со нови штедливи сијалици на целата територија на општина Гевгелија, рече Сарамандов. Покрај овој, во реализирани проекти за време на досегашниот мандат, Сарамандов ги наброја асфалтирање на сервисната улица од локалитетот Милци до граничниот премин Богородица, за што се потрошени околу 10 милиони денари, изградбата на улицата ,,Александар Бел“ во селото Мрзенци со вкупна вредност од 14,5 милиони денари, реконструкцијата на улицата ,,Методија Андонов Ченто“, исто така во Мрзенци, за која беа обезбедени 10 милиони денари од Светска банка, обновеното оградување на ООУ ,,Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, како и чистењето на дивите депонии во Миравци,Смоквица и Серменин. Во локалната самоуправа во Гевгелија, истакна градоначалникот, изминатите 100 дена бил ставен акцент на изработка на проектни документации за работа во следниот период како што се проектот за реконструкцијата на спортската сала на ДТВ „Партизан“ во Гевгелија, изградба на голем урбан парк во месноста „Топлик“ за изградба на нов пазар во Миравци, изградба на спортско игралиште во Гевгелија, за реконструкција на подрачните основни училишта во Конско и Серменин, како и на младинските домови во Моин,Кованец,Ново Конско и Смоквица. - Наша единствена цел е да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните.Со упорност и многу работа ќе покажеме дека општина Гевгелија за сите може да биде уште поубаво место за живеење,истакна Сарамандов. им/цр

Остани поврзан