• вторник, 24 декември 2024

Гвир и Смотрич: Воениот кабинет прави грешка со горивото во Газа - тоа е сигнал за слабост

Гвир и Смотрич: Воениот кабинет прави грешка со горивото во Газа - тоа е сигнал за слабост

Тел Авив, 17 ноември 2023 (МИА) – Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир ја оспори одлуката на воениот кабинет да дозволи мали количини гориво во Газа.

Според него, форумот составен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант, министерот Бени Ганц и неколку набљудувачи „го води Израел во погрешна политика“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

-Додека нашите заложници не добиваат ниту посета од Црвениот крст, нема смисла да му даваме хуманитарни подароци на непријателот“, кажа Гвир.

Неговиот колега, министерот за финансии, Безалел Смотрич, пак, вели дека дозволувањето испорака на гориво во Газа „е тешка грешка и е во спротивност со одлуката на [целосниот] кабинет“.

Ваквиот потег, смета тој, „покажува слабост, му дава кислород на непријателот и му дозволува на (лидерот на Хамас во Газа) Синвар удобно да седи во својот климатизиран бункер, да гледа вести и да продолжи да манипулира со израелското општество и со семејствата на киднапираните“. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан