• сабота, 23 ноември 2024

Гвардиола: Де Брујне останува во Сити

Гвардиола: Де Брујне останува во Сити


Манчестер, 23 јули 2024 (МИА) – Тренерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола стави крај на шпекулациите каде ќе ја продолжи кариерата белгискиот играч за врска Кевин Де Брујне.
„Кевин не оди никаде“, изјави Гвардиола на прес-конференција на државниот универзитет во Северна Каролина во пресрет на првиот натпревар од американската турнеја против Селтик.
Шпанскиот стратег најави дека нема да има поголеми промени во тимот на Сити за новата сезона.
„Секако дека имаме шанса (за трансфери) до последниот ден, не ја исклучувам можноста за нови играчи, но мислам дека има 85/90 проценти шанси да го имаме истиот состав“, рече Гвардиола.
Во последните неколку денови британските медиуми пишуваа дека белгискиот играч за врска би можел да замине во Саудиска Арабија. Се споменуваше преселба во Ал-Итихад, кој неодамна го презеде Французинот Лоран Блан, а главни ѕвезди на тимот се Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо.
Де Брујне е член на Манчестер Сити од 2015 година. На Етихад, тој освои 15 трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампиони и шест титули во англиската лига. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан