Гаши: Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција
- Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција, најави претседателот на партијата Африм Гаши по состанокот на Централно собрание во партиското седиште во Тетово.

Тетово, 12 февруари 2023 (МИА) - Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција, најави претседателот на партијата Африм Гаши по состанокот на Централно собрание во партиското седиште во Тетово.
-Донесовме конечна одлука. Одлучивме дека Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија, рече Гаши.
На новинарско прашање тој најави дека ќе гласат за уставните измени.фф/ас/