Гауф ја победи Мухова во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг
- Американската тенисерка Кори Гауф попладнево ја победи Каролина Мухова од Чешка со резултат 6:1, 6:3 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг.

Пекинг, 6 октомври 2024 (МИА) - Американската тенисерка Кори Гауф попладнево ја победи Каролина Мухова од Чешка со резултат 6:1, 6:3 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг.
Мечот траеше 1 час и 17 минути.
Мухова сервираше двапати, направи три двојни грешки и реализира една брејк-топка од четири заработени. Гауф имаше шест аса, пет двојни грешки и пет претворени брејкови од девет.
Трофејот во кинеската престолнина е осми во кариерата на Гауф. Американката на крајот од турнирот ќе се врати во Топ 5 на светската ранг-листа.
Наградниот фонд на Мастерсот во Пекинг изнесуваше девет милиони долари. зс/
Фото: ЕПА