Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ во Куманово
- Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ се одржа денеска во Куманово во организација на Здружението на пензионери, Здружението на дијабетичари, Здружението „Еко Гард“ и ресторанот „Грација

Куманово, 26 ноември 2022 (МИА) - Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ се одржа денеска во Куманово во организација на Здружението на пензионери, Здружението на дијабетичари, Здружението „Еко Гард“ и ресторанот „Грација“, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Претседателот на Здружение на пензионери, Благе Јакимовски, рече дека е задоволство да се организира ваква манифестација која е добро прифатена кај повозрасната популација.

