• петок, 05 декември 2025

Гасперини го информирал раководството на Аталанта за неговото заминување

Гасперини го информирал раководството на Аталанта за неговото заминување

Бергамо, 28 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, планира да го напушти клубот ова лето, објави новинарот Матео Морето на социјалните мрежи.

Актуелниот договор на фудбалскиот стручњак е со важност до 2026 година.

Според Морето, одлуката која ја донел тренерот веќе е соопштена до раководството на клубот.

Италијанскиот стручњак е на чело на Аталанта од 2016 година. Оваа сезона тимот постигна 74 поени и заврши на 3. место во Серија А. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан