Гасперини: Аталанта не е истиот тим што ја освои Лигата на Европа
- Тој го предводеше тимот до победа од 3:0 над Баер Леверкузен во финалето во Даблин и ќе го води во пресметката за Суперкупот на Европа против Реал Мадрид во среда.
Бергамо, 9 август 2024 (МИА) - Фудбалскиот клуб Аталанта е значително послаб во оваа актуелна сезона во однос на претходната, изјави тренерот на освојувачите на ланската Лига Европа - Џан Пјеро Гасперини.
Тој го предводеше тимот до победа од 3:0 над Баер Леверкузен во финалето во Даблин и ќе го води во пресметката за Суперкупот на Европа против Реал Мадрид во среда.
-Искрено, се надевав дека ќе бидеме подготвени до почетокот на Суперкупот на Европа. Посакував новите засилувања да бидат веќе со нас откако ја освоивме Лигата на Европа. Но наместо тоа, во моментов клупата е кратка и бројот на играчи е сведен на минимум. Сигурен сум дека до крајот на август клубот ќе се погрижи за тоа, изјави тој. дс
Фото: Архива