• сабота, 23 ноември 2024

Гасол во наредните месец и половина ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата

Гасол во наредните месец и половина ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата
Барселона, 8 октомври 2020 (МИА) - Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол изјави дека одлуката ќе ја објави во наредните месец и половина, дали ќе продолжи да игра или ќе ја заврши кариерата. Двократниот шампион во НБА лигата и шпански репрезентативец се обидува да го опорави левото стапало, кое го оперираше во мај 2019 година, поради скршеница. - Пандемијата, со сите лоши работи што ни ги донесе, ми даде простор да ги рехабилитирам стапалата и напредокот е позитивен. Следниот месец - месец и половина, мојата потреба да излезам на терен ќе биде на високо ниво, а потоа ќе видам дали повторно ќе можам да се натпреварувам - рече Гасол во интервју за шпанската агенција „ЕФЕ“. Гасол (40) ја загуби работата во Портланд во ноември минатата година и повеќе пати изјави дека би сакал да одигра уште една сезона и да биде дел од шпанската репрезентација на Олимписките игри во Токио пред да се пензионира, што беше повторено и во овој разговор. Едно од прашањата за легендарниот центар беше за шпекулациите во медиумите дека тој доаѓа во Барселона заедно со неговиот брат Марк. - Марк и јас во Барселона? Изненаден сум од влијанието и протокот на непроверени информации - заклучи Гасол.

Тагови

Остани поврзан