• вторник, 24 декември 2024

Гарсија стана првиот играч за врска кој постигнал 100 гола во Ла Лига во 21. век

Гарсија стана првиот играч за врска кој постигнал 100 гола во Ла Лига во 21. век
Билбао, 26 јануари 2021 (МИА) - Играчот за врска на Атлетик Билбао, Раул Гарсија беше двоен стрелец синоќа на мечот од 20. коло на Шпанското првенство против Гетафе (5:1). Триесет и четиригодишниот Шпанец стана првиот играч за врска кој постигнал 100 гола во Ла Лига во 21-от век. Гарсија има 54 гола за Атлетик, 26 за Атлетико Мадрид и 20 за Осасуна. Во тековната сезона, Гарсија одигра 21 натпревар, постигна шест гола и направи две асистенции. зс/

Остани поврзан