Гардијан: За три години Кинезите оштетите и уништиле илјадници џамии
- Илјадници џамии се уништени и оштетени за само три години во северозападната кинеска провинција Синџијанг, а сега ги има помалку од кога било, пишува Гардијан.
Лондон, 25 септември 2020 (МИА) - Илјадници џамии се уништени и оштетени за само три години во северозападната кинеска провинција Синџијанг, а сега ги има помалку од кога било, пишува Гардијан.
Ова се податоци од извештајот за кинеската репресија врз муслиманското малцинство на австралискиот Институт за стратешка политика (СПИ). Податоците се добиени преку сателитски слики и теренски извештаи.
Кинеските власти тврдат дека во оваа област има повеќе од 24.000 џамии и дека властите ги чуваат. Но, според извештајот на СПИ, има нешто повеќе од 15.000 кои не се оштетени или уништени.
„Ова е најмала бројка од културната револуција, кога имаше помалку од 3.000 џамии“, се наведува во извештајот.
Две третини од џамиите биле оштетени, а околу 50 проценти од заштитените културни наследства биле уништени или оштетени. Меѓу нив е и Ордам Мазар, антички град од 10 век, кој бил целосно уништен.
Се проценува дека од 2017 година, 30 проценти од џамиите се уништени, додека други 30 проценти се оштетени на некој начин. На некои им беа извадени минарињата, некои места останаа напуштени, додека други беа претворени во паркинзи или користени за земјоделски цели. паг/