• среда, 25 декември 2024

„Гардијан“: БАТ и „Империјал брендс“се соочувааат со тужба поради експлоатација на детски труд

„Гардијан“: БАТ и „Империјал брендс“се соочувааат со тужба поради експлоатација на детски труд
Лондон, 21 декември 2020 (МИА) - Тутунската компанија „Бритиш Американ тобако“ (БАТ) и британската „Империјал брендс“ профитираат од детски труд, експлоатација и опасни услови за работа на плантажите за тутун во Малави, се наведува во тужбата што се покрена по истрагата на британскиот весник „Гардијан“. Компаниите според судските документи се обвинети за „раширена употреба на  детскиот и присилен труд, изложување на сиромашните возрасни лица и деца на опасни услови за работа, сомнителна заштита од индустриски несреќи, повреди и болести, објави „Гардијан“. БАТ и Империјал минматата година остварија вкупна добивка од 12, 5 милијарди фунти, а според судските дукумнети треба да обештетат вкупно 7.020 деца и возрасни. Обвинителите тврдат дека двете компании знаеле какви се условите за работа на плантажите во Малави, од каде преку трговци го набавуваат тутунот. „Гардијан“ во 2018 година утврди дека одгледувачите на тутун се изложени на труење со никотин, отровни пестициди и тешки временски услови за време на работата во смени, како и оти на плантажите 63 проценти од работниците се деца. ми/

Остани поврзан