• понеделник, 23 декември 2024

Ганц: Сè што прави воениот кабинет има за цел враќање на заложниците дома

Ганц: Сè што прави воениот кабинет има за цел враќање на заложниците дома

Тел Авив, 18 ноември 2023 (МИА) – Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц, попладнево изјави дека операцијата на ИДФ во Газа ќе заврши „само кога ќе можеме да ветиме безбедност и да ги вратиме нашите момчиња и девојчиња дома“.

-Ќе потрае онолку долго колку што е потребно. Ние сме решени во оваа борба, изјави тој, пренсен од „Тајмс од Израел“.

Ганц кажа дека претходно вечерва се сретнал со семејствата на заложниците, на кои има пренел дека „сè што правиме има за цел прво и основно да ги вратиме нашите момчиња и девојчиња дома“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан