• среда, 27 ноември 2024

Ганц: Израел ќе влезе во Рафа и ќе се врати во Кан Јунис

Ганц: Израел ќе влезе во Рафа и ќе се врати во Кан Јунис

Ерусалим, 11 април 2024 (МИА) - Членот на израелскиот воен кабинет, Бени Ганц изјави денеска дека Хамас е воено поразен и дека војската ќе влезе во Рафа и ќе се врати во Кан Јунис, пренесоа израелските медиуми.

- Од воена гледна точка - Хамас е поразен. Неговите борци се елиминирани или се кријат, а неговите способности се осакатени. Ќе влеземе во Рафа. Ќе се вратиме во Кан Јунис. И ние ќе дејствуваме во Газа. Секаде каде што има терористички цели, рече Ганц по состанокот на неговата партија Национално единство во јужниот израелски град Сдерот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот Канал 12 објави дека имало „жестоки несогласувања и дискусии“ меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и неколку негови министри, од една страна, и началникот на Генералштабот, Херзи Халеви, од друга страна, во врска со одложувањето на воената операција во градот Рафа во јужна Газа..

Каналот наведува дека „на проширената седница на воениот кабинет во вторникот избувнала жестока дискусија по повлекувањето на израелската армија од Кан Јунис и одложувањето на операцијата во Рафа“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан