• недела, 24 ноември 2024

Гани: Талибанците го хакираа мојот Фејсбук профил и објавија порака за поддршка

Гани: Талибанците го хакираа мојот Фејсбук профил и објавија порака за поддршка

Кабул, 27 септември 2021 (МИА) - Пребеганиот претседател на Авганистан, Ашраф Гани рече дека неговиот профил на Фејсбук бил хакиран откако била објавена порака во која се вели дека луѓето треба да ги поддржат талибанците.
Објавата беше споделена на неговата верификувана страница на Фејсбук, пишува Бизнис Инсајдер.
„Меѓународната заедница треба да комуницира со актуелната влада наместо да го отуѓува авганистанскиот народ“, се вели во објавата.
„Светот мора да сфати дека Авганистан ако сака да биде просперитетен и безбеден, мора да подаде рака за пријателство.  На него не може да влијае непријателството што ги одбележа последните дваесет години“, додаде тој.
По еден час објавата е избришана. паг/      

Остани поврзан