• сабота, 23 ноември 2024

Гани побегнал од Кабул со многу пари

Гани побегнал од Кабул со многу пари
Москва, 16 август 2021 (МИА) - Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани побегна од Кабул со автомобил полн со пари, а тоа што не успеал да земе останало на пистата на аеродромот, изјави портпаролот на Амбасадата на Русија во Кабул, Никита Иштенко. - Што се однесува до падот на режимот, тој може најелоквентно да се карактеризира со начинот на кој Гани избега од Авганистан: со четири автомобили полни со пари. Тие се обидоа да ги внесат сите пари во хеликоптерот, но не може се да собере во него. И дел од парите останаа на пистата, тврди Иштенко за РИА Новости. Најмалку пет лица загинаа на меѓународниот аеродром во Кабул, каде се собраа илјадници цивили кои сакаат да го напуштат Авганистан. Откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул, главниот град на Авганистан, многу граѓани се обидуваат да ја напуштат земјата. ми/

Остани поврзан