Гани: Авганистанските сили се сосема способни да го бранат Авганистан
- Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден за целосното повлекување на американските сили од Авганистан до почетокот на

Кабул, 14 април 2021 (МИА) – Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека разговарал со неговиот американски колега Џозеф Бајден за целосното повлекување на американските сили од Авганистан до почетокот на септември и рече дека ја „почитува“ таа одлука.
Авганистанските безбедносни сили „се целосно способни да го бранат својот народ и својата земја, што го прават од самиот почеток“, напиша Гани на Твитер по телефонскиот разговор со Бајден.
- Ние ќе работиме со нашите американски партнери за да обезбедиме мирна транзиција, истакна авганистанскиот претседател. јт/