• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

Скопје, 5 јули 2025 (МИА) - По повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика, на платото пред Националната опера и балет вечер ќе се одржи гала концертот „Од #MOБ за Скопје“. 

Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1. сст/бак/

Фото МОБ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан