• петок, 27 декември 2024

„Газпром“: Кина рускиот гас ќе го плаќа во јуани и во рубљи

„Газпром“: Кина рускиот гас ќе го плаќа во јуани и во рубљи
Москва, 6 септември 2022 (МИА) - Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти дека со Кинеската национална нафтена корпорација потпишал договор со што се предвидува постепено преминување на плаќање за руски гас во јуани и во рубљи, наместо во долари. Можноста за плаќање во рубљи и во јуани ќе биде корисна и за „Газпром“ и за Кинеската национална нафтена корпорација, смета извршниот директор на руската компанија Алексеј Милер. - Тоа ќе ги поедностави сметките, ќе биде одличен пример за други компании и ќе пружи дополнителен поттик за развој на нашите економии, додаде Милер. Кон крајот на март, рускиот претседател Владимир Путин одлучи европските купувачи да го плаќаат гасот во рубљи. Одлуката следуваше откако Западот воведе опсежни санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина, исклучувајќи бројни руски банки од глобалниот систем СВИФТ. Русија веќе некое време настојува да ја намали употребата на доларот, еврото и на други валути во банкарскиот систем и во трговијата, а процесот се забрза по воведените санкции. Во февруари, пред инвазијата врз Украина, Русија со Кина договори значително проширување на договорот за снабдување со гас во вредност од 37,5 милијарди долари. бд/сд/

Остани поврзан