Габија останува во Милан до 2029
- Италијанскиот фудбалски гигант Милан се договори за продолжување на договорот со дефанзивецот Матео Габија, објави денеска инсајдерот Фабрицио Романо.
Милано, 21 ноември 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Милан се договори за продолжување на договорот со дефанзивецот Матео Габија, објави денеска инсајдерот Фабрицио Романо.
Според истиот извор, новиот договор ќе важи до лето 2029 година.
Актуелниот договор на Габија истекува во лето 2026 година.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на 25-годишниот Италијанец на 12 милиони евра.
Оваа сезона Габија постигна еден гол на седум натпревари за Милан во сите натпреварувања. ег
ФОТО: Фејсбук