• сабота, 23 ноември 2024

В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата

В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - В понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства, брифираат за МИА партиски извори.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници. 

- Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. 

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан