• среда, 25 декември 2024

В недела отворен ден за воздухоплови на спортскиот аеродром „Стенковец“

В недела отворен ден за воздухоплови на спортскиот аеродром „Стенковец“
Скопје, 4 мај 2022 (МИА) - В недела на 8 мај на спортскиот аеродром „Стенковец“ граѓаните ќе имаат уникатна можност одблиску да видат дел од воздухопловите кои се користат на вежбата „Swift Response 22“ која се реализира на армискиот полигон „Криволак“, информираат од Министерството за одбрана. Ги повикуваат граѓаните да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот, и нагласуваат дека дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите АХ-64 Апачи, УХ-60 Блек Хоук, ЦХ-47 Чинук, ХХ-60, Ми-17 и Бел, авионите Злин, а во периодот од 11:30 до 12:30 часот прелет над аеродромот ќе направат авиони А-10 Тандерболт 2, ловци Ф-16 и Ее Тректор. За време на отворениот ден, граѓаните ќе можат да се запознаат и со воената професија, како и со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“. В недела Министерството за одбрана ќе организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9:30, 10:30 и 11:30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13:30, 14:30 и 15:30 часот. вј/сп/

Остани поврзан