• сабота, 23 ноември 2024

Вујчиќ за МИА: Темелот за успешноста на преговорите со ЕУ е политичкиот консензус

Вујчиќ за МИА: Темелот за успешноста на преговорите со ЕУ е политичкиот консензус

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Темелот за успешноста на преговорите со Европската Унија е политичкиот консензус, вели во интервју за МИА Борис Вујчиќ, гувернер на Хрватската национална банка и поранешен заменик-главен преговарач на Хрватска со ЕУ.

-Ние од самиот почеток се обидовме тој политички консензус да го имаме на начин што сите делови на општеството беа активно вклучени, политички – и позицијата и опозицијата, низ надзорниот механизам на преговорите, кој што беше парламентарен, а исто така на почетокот беа вклучени и претприемачи – здружението на претприемачи, синдикати и делови на граѓанското општество кои требаа да дадат поддршка за тој процес.

Вујчиќ за МИА нагласува дека е многу е важно од самиот почеток сите чинители да бидат вклучени во целост, со цел, доколку дојде до промена на власта, бидејќи преговорите траат подолго време, да не дојде до забавување на тој процес. 

Целото интервју заедно со видео-материјалот ќе биде објавено утре. нд/лв/

 

Остани поврзан