• вторник, 24 декември 2024

Вујовиќ: Предноста од четири голови е убава, но ништо не е решено

Вујовиќ: Предноста од четири голови е убава, но ништо не е решено
Скопје, 27 август 2021 (МИА) – Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е задоволен од победата над ППД Загреб извојувана на домашен терен во првиот четвртфинален дуел од регионалната ракометна СЕХА-лига. - По првото полувреме кое го добивме со 14:12 им реков на моите играчи дека би сакал и во вторите 30 минути да направиме два разлика и ан крајот да биде четири гола предност. Четири е сериозна разлика. Повеќе сакам да победам четири, отколку пет, бидејќи пет голови предност те опуштаат, мислиш си направил голема предност, а четири е една психолошка предност каде размислуваш дека треба уште многу да се потрудиш. Ништо не е решено. Ни претстои уште многу борба. Загреб е одлична екипа, а ние можеме да играме подобро, изјави Вујовиќ. Вардар синоќа во Скопје победи со 24:20. Реваншот во хрватската престолнина е закажан за 31 август со почеток во 20 часот. зс/

Остани поврзан