• среда, 28 август 2024

Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар

Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар
Скопје, 10 јули 2020 (МИА) - Српскиот интернационалец Марко Вујин потпиша двегодишен договор со Вардар 1961, соопштија од македонскиот шампион. Десниот бек кој зад себе има богата интернационална кариера го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува во „црвено-црниот“ тим. Вујин има настапувано за Синтелон, Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг Лисабон.

Тагови

Остани поврзан