• сабота, 16 ноември 2024

Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

Вучиќ: Србите на Косово се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, за осуда е убиството на косовскиот полицаец

Белград, 24 септември 2023 (МИА)-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во обраќањето до јавноста по последните настани на Косово и пукањето во селото Бањска рече дека ова е еден од најтешките денови за земјата и народот од 2004 и 2008 година, и да „Србите на Косово се побуниле, бидејќи не сакаат повеќе да го трпат теророт на Албин Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој кажа дека безброј пати досега предупредувал да поради апсењата, провокациите, погромот над Србите на Косово дека вакво нешто ќе се случи.

-Србите, а не луѓето од централна Србија како што лажеа во приштинските медиуми, туку луѓето од Косово и Метохија се побунија, не сакајќи да го трпат теророт на Курти, кажа Вучиќ … 62 пати е користена косовската полиција против Србите, има 22 ескалирачки потези на северот, 56 етнички мотивирани напади врз Србите, само прашање на време беше кога особено оние што ги гони полицијата и кои постојано се движат меѓу централна Србија и Косово за да избегнат апсење, секако дека ќе се обидат да направат нешто за себе и неговото семејство, изјави Вучиќ

Тој го осуди убиството на припадникот на косовската полиција.

-Да бидам прецизен, во никој случај не сакам да го оправдам убиството на албанскиот полицаец, тоа е за осуда и тоа е нешто што никому не му беше потребно, а најмалку на српскиот народ во моментот кога сите сфатија дека Курти е главниот организатор на хаосот во Косово и Метохија, и на ова осуда нема „меѓутоа“, рече Вучиќ.

Во обраќањето тој кажа дека целта на Косово за вооружената пресметка во Бањска била „вината да падне на Србија“ и да „единствен виновник за она што се случи на Косово е Албин Курти, кој не сакаше да спроведе Заедница на српски општини (ЗСО) и единствена цел му беше да ја вовлече Србија во војна“.

-Според информациите со кои располагаме, додаде тој, загинале тројца Срби од Косово, двајца од снајперски оган од далечина, двајца се тешко ранети, а се стравува дека и четврто лице ќе настрада, бидејќи не сакале да му пружат помош, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека српската војската и полицијата немаат никаква врска со инцидентот.

Српскиот претседател кажа дека Советот за национална безбедност постојано е во заседание и дека утре ќе го соопшти ставот на Србија за овие настани, завршувајќи го обраќањето со порака дека „Србија никогаш нема да го признае Косово“. об/jt

Остани поврзан