• недела, 22 декември 2024

Вучиќ: Се плашам дека го преминавме Рубикон, Курти по секоја цена сака да предизвика војна

Вучиќ: Се плашам дека го преминавме Рубикон, Курти по секоја цена сака да предизвика војна

Белград, 14 јуни 2023 (МИА) – Се наоѓаме на крстопат дали и понатаму ќе имаме мир или не, бидејќи Курти сака по секоја цена да предизвика војна, се плашам дека го преминавме Рубикон и дека тешко ќе се вратиме во реалноста, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на дневникот на РТС, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој направи генеза на настаните на северно Косово во изминатиов период, на бројни апсења и на шест повредени Срби во Косово, оценувајќи дека „целата криза започнала оној момент кога некој одлучил да се оди на избори за кои се знае дека се целосно нелегитимни.“

Говорејќи за денешното апсење на тројца вооружени припадници на косовската полиција, Вучиќ презентираше два доказа според кои „косовските полицајци се уапсени на 1,8 километри длабоко на територијата на Србија“ и дека има доказ „да тие не побарале дозвола ниту го информирале КФОР да одат на административната граница, како што е досегашното правило“.

- Овие луѓе немаат што да бараат во таа област без одобрение од КФОР, особено со долги цевки. Имаме докази дека КФОР не бил информиран. Ги апсиме, не на 100 метри на територијата на централна Србија, туку на 1,8 километар од административната линија, на потегот Орахово-Гљивица, истакна Вучиќ, додавајќи дека „еден или двајца од нив кажале дека не знаат да го користат ГПС системот“.

Тој гарантираше дека ниту еден војник на армиијата на Србија, ниту еден полицаец не ја преминал административната линија при апсењето на тројца припадници на косовската полиција, порачувајќи дека истрагата е во тек и дека полицијата и Обвинителството работат со уапсените.

- Се води истрага. Тие не биле тепани, ниту малтретирани, ниту обезличени, што им се случува на Србите кога ќе бидат уапсени од полицијата на Курти. При апсењето било земено предвид и нивното достоинство, рече Вучиќ. об/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан