• петок, 27 декември 2024

Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен

Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен

Белград, 5 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва оцени дека полицијата покажала, како што наведе, голема воздржаност на вечерашните насилни демонстрации во Нови Сад и порача дека секој насилник ќе биде уапсен, јави дописникот на МИА од Белград.

На прашањето дали слушнал дека поранешниот претседател на општина Инџија, Горан Јешиќ нападнал полицаец и дека е уапсен, Вучиќ одговорил дека секој насилник ќе биде уапсен.

-Ние не смееме да одговориме со насилство. Полицијата покажа голема воздржаност, почит, рече Вучиќ пред просториите на СНС во Нови Сад.

Посочи дека нарко дилерите наскоро ќе го имаат најтешкиот ден во Нови Сад, како што вели, дури од утре.

-Како што го излеkuvavme Белград од Звицер, Беливук, Миљковиќ и нивниот шеф, главната политичка фигура, така и овде ќе си ја завршиме работата, рече Вучиќ.

Тој додаде дека синоќа најавил дека ваква вечер ќе се случи во Нови Сад.

Вучиќ ги посети и полициските службеници во Нови Сад и посочи дека вечерва издржале терор од невидени размери.

-Ги посетивме полицајците во Нови Сад кои вечерва претрпеа терор од невидени размери. Тие се воздржаа и покажаа одговорност. Ви благодариме, девојки и момчиња за љубовта кон Србија, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил buducnostsrbijeav. об/

Остани поврзан