• вторник, 24 декември 2024

Вучиќ: На Србите повторно Курти ќе им го скрати правото да гласаат на Косово

Вучиќ: На Србите повторно Курти ќе им го скрати правото да гласаат на Косово

Белград, 21 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека на Србите повторно ќе им биде скратено правото да гласаат на Косово на претстојните избори на 17 декември и оти однапред знае дека косовскиот премиер Албин Курти ќе каже дека нема да има гласање ниту на северот, ниту на југот, од Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

-На Србите ќе им биде скратено основното право што го имаат. Уште еднаш, (правото што го имаат) во согласност со Повелбата за човекови права и резолуциите на Обединетите нации. Однапред знам што ќе се случи. Курти, затоа што сака да им помогне на некои луѓе во изборниот процес, но нема да спомнам кои луѓе, ќе каже дека нема да има избори ни на северот, ниту на југот. А потоа ќе имаме една јасна осуда што Квинта ќе ја даде во изјава и тоа ќе биде крај на приказната. Србите нема да гласаат на Косово, рече Вучиќ.

Тој ова го изјави на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на прашањето дали НАТО планира да создаде безбедна средина за учество на Србите кои живеат на Косово на претстојните избори во Србија на 17 декември.

Вучиќ додаде дека Србите кои живеат во Австралија, САД и ширум Европа имаат право да гласаат на претстојните избори во Србија, но дека тоа е „под знак на прашање“ за Србите кои живеат на Косово.

-Дали овие луѓе, не само на север, туку и јужно од реката Ибар, ќе можат да го искористат своето право да гласаат таму за 25 дена или не? Зошто? Тоа никој не го доведува во прашање. Никој тоа не го преиспитува. Зошто? Затоа што тие се едноставно Срби. Тоа не се случи ниту минатиот пат. Тоа на некој начин беше почеток на кризата, кога минатиот пат не им дозволија на Србите да гласаат на изборите во 2021 година, потсети Вучиќ. об/сд/

Остани поврзан