• понеделник, 23 декември 2024

Вучиќ: Моја молба е белградските избори да бидат на 2 јуни, а влада да биде формирана пред 1 април

Вучиќ: Моја молба е белградските избори да бидат на 2 јуни, а влада да биде формирана пред 1 април

Белград, 10 март 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со лидерите на владејачката коалиција во обраќањето до јавноста соопшти дека е прифатен предлогот новите белградски избори да се одржат на 2 јуни, да се одложи конститутивната седница за избор за претседател на Ана Брнабиќ за 7 дена и да се формира новата влада до 1 април, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ рече дека мнозинството од коалициските партнери сакало изборите во Белград да се одржат на 28 април, а сите останати во 87-те локални единици да бидат организирани согласно уставните и законски рокови.

- Мојата идеја и молба е изборите во Белград да се одржат на 2 јуни, бидејќи сакам сите да имаат време да ја подготват кампањата. И тие избори ќе се одржат на 2 јуни, бидејќи моите пријатели се согласија со таа идеја. Сите други избори ќе бидат одржани во согласност со уставните и законските рокови, бидејќи никој не сака никому да поднесе оставки за било кого и тоа беше едногласно отфрлено од сите присутни, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Тој кажа дека по консултациите со лидерите на владејачките партии ја прифатил информацијата дека листата на СНС „Србија не смее да запре“ има мнозинство кое е доволно за формирање парламентарно мнозинство и влада и дека во следните неколку денови ќе му го достават името на мандатарот.

- Да се обидеме пред 1 април да имаме нова влада, кажа српскиот претседател.

Тој соопшти и дека продолжението на конститутивната седница на парламентот на која мнозинството треба да ја изгласа Ана Брнабиќ за претседател на собранието, а која е закажана за утре, дека се одлога за точно една недела, за да се подготват изборите за потпретседател, претседател и сите собраниски комисии.

Тој појасни дека тоа се прави за Собранието целосно да се конституира и да се подготви за избор на нова Влада.

- Ги повикувам луѓето во МВР многу рестриктивно да го толкуваат законот за промена на живеалиште, особено при добивање живеалиште на територијата на Белград, до датумот на склучување на избирачкиот список за изборите во Белград, рече Вучиќ и додаде дека „мисли да треба да се обидеме, кој и да победи, потоа да имаме целосна стабилност“.

Тој посочи дека е важно да се следат препораките на ОДИХР и дека има доволно време до изборите да се направи она што треба да се направи. об/ми/

Остани поврзан