Вучиќ во Кишињев на средба со Ковачевски и лидерите од регионот разговараше за актуелни теми
- Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Кишињев, Молдавија, за време на Самитот на Европската политичка заедница, се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, албанскиот премиер Еди Рама и српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Белград, 1 јуни 2023 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Кишињев, Молдавија, за време на Самитот на Европската политичка заедница, се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, албанскиот премиер Еди Рама и српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Тема на разговорот беа актуелните настани и натамошните чекори кои би придонеле за изнаоѓање решение за актуелната тешка и сериозна состојба.
-Ние во регионот најдобро знаеме колку е важно заедно да се вложат сите напори со цел да се зачува тешко стекнатиот мир и стабилност. Разговаравме за актуелните настани и понатамошните чекори кои би придонеле за изнаоѓање решение за сегашната тешка и сериозна ситуација. со надеж дека разумот ќе надвладее, за доброто на сите, напиша Вучиќ на својот Инстаграм, „будуќностсрбијеав“. об/цр/
Фото: Инстаграм, „будуќностсрбијеав“