• сабота, 20 јули 2024

Вучиќ-Мицотакис: Атина сака да ги види сите главни градови на Западен Балкан во ЕУ, но пред се Србија

Вучиќ-Мицотакис: Атина сака да ги види сите главни градови на Западен Балкан во ЕУ, но пред се Србија
  Белград, 16 февруари 2022 (МИА) –Подршка на евроинтеграциите и енергетското поврзување на Србија и Грција беа во фокусот на денешните разговори во Белград на претседателот Александар Вучиќ и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописникот на МИА од Белград. Грчкиот премиер во изјва за медиумите по средбата, изјави дека „Атина сака да ги види сите главни градови на Западен Балкан во ЕУ, но пред се Србија и Белград особено“. -Регионалната соработка води кон развој и затоа ЕУ е многу ориентирана кон пристапување на сите земји од регионот. Сите земји во нашето соседство сонуваат за заедничка иднина и секоја од нив бара посебен пристап, изјави Мицотакис. Тој посочи дека е неопходно да се посвети внимание на поврзување во областа на енергетиката, за да се максимизира енергетската безбедност на Балканот. -Затоа ние сакаме да станеме енергетски јазол и да понудиме различни можности за енергетска диверзификација. Наскоро ќе биде завршена гасната интерконекција меѓу Србија и Бугарија. Грција брзо ќе го заврши терминалот за течен гас во пристаништето Александрополи. Ова е нешто што е интерес на Грција, на југоисточна Европа, особено на Србија, Бугарија и другите земји на Балканскиот полуостров, изјави Мицотакис, кој додаде да „став на Грција е дека исто така е важна поврзаноста меѓу Европа и Африка со посредство на Египет, со Грција, Кипар и Израел во однос на електричната енергија “. Српскиот претседател се заблогадари на грчката подршка на евроинтеграциите, особено на последната меѓувладина седница на која е изгласано отварање на првиот кластер на Србија. Говорејќи за регионалните прашања, Вучиќ кажа дека „го замолил Мицотакис, Грција да продолжи со политиката на пружање подршка на територијалниот интегритет на Србија, како што Србија пружа подршка на грчкиот територијален интегритет, и на копно и на море.“ -Разговаравме и за сите регионални прашања, за разговорите меѓу Белград и Приштина, за ситуацијата во регионот. Грција ја разбира позицијата на Србија, која е многу важна за нас. Реков дека не сакаме замрзнати конфликти, туку сакаме решенија кои мора да бидат компромисни, а не да и се наметнуваат на Србија, изјави Вучиќ. Тој најави и дека претседателката на Грција наскоро ќе ја посети Србија. об

Остани поврзан